Изложба: Скопје низ објективот на еден млад француски фотограф

Францускиот институт во Скопје и Националната галерија на Македонија ја организираат изложбата на фотографии на Жереми Бишолц „Скопје низ објективот на еден млад француски фотограф“. Отворањето на изложбата е најавено во среда(16 април), во 20 часот, во Чифте амам.

izlozba_jeremie_buchholtz

Во текот на еднонеделниот уметнички престој во септември минатата година, Бишолц прави серија фотографии од главниот град, кои ќе бидат поставени во галеријата до 30-ти април. Изложбата ќе ја отворат Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадор на Франција во Македонија и г-ѓа Маја Неделкоска-Брзанова, Директор на Националната галерија на Македонија, во присуство на уметникот.

Овој настан се организира во рамките на одбележувањето на 40-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје.