Забранетото дело „13 најбарани луѓе“ на Енди Ворхол конечно пред јавноста

Забранетото дело „13 најбарни луѓе“ на светски познатиот Енди Ворхол, на 27 април ќе биде изложено во музејот во Квинс, кој се наоѓа во зградата на која забранетите мурали требало да бидат изложени во 1964-та година.

Забранетото дело „13 најбарани луѓе“ на Енди Ворхол конечно пред јавноста

Педесет години по цензурирањето, изложени ќе бидат и архивски документи и материјали кои досега не биле видени, писмо со одобрение на уметникот да се префарба делото, како и книга со фотографии од криминалци кои тогаш ги барала њујоршката полиција.

Ворхол бил еден од десетте уметници кои архитектот Филип Џонсон ги избрал да ги направат муралите на ѕидовите на њујоршкиот павилјон на Светската изложба, а славниот поп-арт уметник се одлучил за полициски фотографии на 13-те најбарани криминалци од тоа време. Се испоставило дека неговото дело не одговарало на „семејниот карактер“ на изложбата, па така њујоршкиот гувернер Нелсон Рокфелер, кој сакал да биде републикански кандидат за претседател на САД, наредил муралот на Ворхол да се префарба со образложение дека седум од 13-те криминалци се Италијанци и дека не треба да се отуѓат припадниците на италоамериканската заедница. Ворхол понудил да изработи замена за делото во форма на 14 идентични портрети на директорот на изложбата, но тоа било одбиено како „неприфатливо“.

Според биографијата на Ворхол, делото морало да биде повлечено поради „некои политички работи“ кои, како што наведува „никогаш не ги разбрал“.

Извор