Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените во Македонија (ЕСЕ), Центарот за демократски развој и иницијативи (ЦДРИМ); Здружението на просветни работници и заштита на правата на жените и децата – ЛИЛ и НВО КХАМ организираат прес – конференција и јавна дебата за имунизацијата и превентивни здравствени услуги за децата Роми во земјава.
Настанот ќе се одржи утре (24 април) во Мулти медијалниот центар – Мала станица со почеток во 10:30 часот кога ќе бидат презентирани наодите од спроведеното истражување во ромските заедници во однос на опфатот на децата Роми со вакцинација и превентивни здравствени услуги вклучувајќи патронажни посети и здравствена едукација предвидени во Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата. Истражувањето е спроведено во седум општини – Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Сарај, Карпош, Делчево, Виница и Пехчево.
На прес конференцијата ќе бидат презентирани и резултатите од анализата на буџетската реализација на програмата на национално ниво, по што ќе следи јавната дебата на која се поканети претставници од ромската заедница и јавните институции.
Проектот е поддржан од Фондацијата отворено општество – Македонија.