Дали граѓаните ја препознаваат и пријавуваат политичката дискриминација, колку партиската книшка помага во кариерата, зошто е тешко да се избега од политиката во услови кога Владата е најголемиот работодавач? Ова се само дел од прашањата кои ќе бидат отворени на Дебата за човекови права „Политичка дискриминација во Македонија?!“, која во вторник ( 29 април) во живо се организира и емитува на Радио МОФ со почеток во 13 часот.
На темата ќе дебатираат Душко Миновски, претседател на Комисијата за заштита од дискриминација, Љупчо Петковски, аналитичар во Македонскиот центар за европско образование и Ана Чупеска, асистент на Правниот факултет „Јустинијан Први“.
Модератори на дебатата се новинарките од Радио МОФ Јасмина Јакимова и Кристина Озимец.
Покрај аудио, Радио МОФ во периодот од 13 до 14 часот ќе врши и видео пренос од овој настан.
Дебатата се реализира во соработка со Македонски центар за европско образование (МЦЕО), а во рамки на проектот „Основни права – Сместување во европската рамка“. Целта на проектот е подигање на свеста за европскиот систем за заштита на човековите права и импактот кој го има врз соодветниот национален систем за заштита на човековите права.