Вечерва во ЛГБТИ Центарот во Скопје ќе биде прикажан филмот „Кога облаците пукаат…“ на авторите Кумјана Новакова и Гиљермо Карерас – Канди, по што ќе следи дебата во која ќе се дискутира за овој филм, но и за состојбите на лицата кои живеат со ХИВ и туберкулоза.
„Кога облаците пукаат…“ преку медиумите на аудиовизуелната уметност пренесува еден мал дел од внатрешниот свет на лицата кои живеат со ХИВ и туберкулоза во Македонија.
На дебатата ќе зборуваат Арта Кули од Светска здравствена организација, Андреј Сених од „Заедно посилни“ и Кумјана Новакова, авторка на филмот. Дебатата ќе ја модерира Зоран Јордановски од Е.Г.А.Л.
Почетокот на проекцијата е закажан во 19 часот.