Делото на македонскиот уметник Тони Димитров „Orthodoxy“ e претставено на првата изложба на звук FERMATA организирана од уметничкиот центар Artisphere, a поместена во нивниот најголем изложбен простор „Terrace“ галеријата во Вашингтон, САД.
Ова дело кое се состои од теренски снимки е претходно издадено за португалскиот издавач Green Field Recordings, а на покана на фестивалот FERMATA ќе биде претставено во Вашингтон заедно со делата на реномирани звучни уметници како Ryuichi Sakamoto, Lawrence English, The Books, Francisco Lopez, Markus Guentner, Alvin Lucier, Brian McBride, Jarboe (Swans), Forest Swords, Saåad, Salome Voegelin, меѓу другите.
„Fermata“ е прва изложба на „Artisphere“ посветена целосно на звукот и е една од најголемите од ваков вид во светот денес. Претставувајќи околу 30 уметници, „Fermata“ со својот екстензивен пристап, претставува уметници кои користат звук во различни дисциплини и контексти, и опфаќа уметници како композиторот Ryuichi Sakamoto, пионерот на звучната уметност Alvin Lucier, концептуалниот звучен уметник Francisco Lopez, легендата Jarboe, па се до научникот од НАСА Lucianne Walkowicz.
Позиционирана околу ѕид сочинет од звучници, дизајниран од страна на звучниот уметник John Henry Blatter, кој ќе се користи од страна на сите учесници во изложбата, FERMATA ќе се одвива во три дела или движења (траејќи по три недели), секој од нив нудејќи поинаква комбинација на 5 до 8 звучни дела кои ќе цирклулираат постојано во текот на трите недели од изложбата. Звучниот ѕид е визуелна претстава на звукот, еднакво како што е и основна архитектура на изложбата преку која ќе бидат претставени делата. Изложбата ќе биде отворена од 24 април до 10 август 2014 во најголемиот изложбен простор на „Artisphere“, галеријата „Terrace“ во Вашингтон.
Извор: А1он