Слушање на црцорот на птиците, уживање во мирисот на свежо испечени колачиња, трева која ги милува босите стапала – ова е убавината од која се восхитени луѓето што се слепи.
Во емотивното видео објавено на сајтот Buzzfeed, група слепи луѓе опишуваат како тие ја доживуваат убавината.
„Губитокот на сетилото за вид за мене беше благослов“ вели еден од соговорниците и додава „Не ме интересира која националност е другата личност, не сум загрижен колку е висок другиот, баш ми е гајле колку се мали или големи. Луѓето се прекрасни кога се верни на себе си“.
Видеото кое беше објавено во минатата седмица, полека стана вирален хит и допре до многу лица. Проверете зошто: