Студентски конкурс: „Брилијантни млади претприемачи“

Хјундаи и JA-YE Europe во соработка со Економско образование на млади менаџери (Junior Achievement – Македонија) отпочнуваат иницијатива која што ќе им помогне на студентите од Македонија да ги претворат своите бизнис идеи во реалност преку иницијативата „Брилијантни млади претприемачи” (Brilliant Young Entrepreneurs).

Во информацијата за Конкурсот се вели:

Причина за да се натпреваруваш:

* Да освоиш награда од 15.000 евра

* Менторство од врвни бизнис експерти

Како да се пријавите за бизнис план натпреварот:

* Посетете ја веб-страницата за повеќе информации

* Доставете Бизнис концепт од максимум пет страници

*Краен рок за поднесување на бизнис планот е 10 мај, на e-mail адрресата competition.jam@gmail.com

Најдобрите 10 бизнис планови ќе бидат поканети да ги презентираат своите идеи во живо на 24.05.2014 година во Скопје

Кој може да учествува?

Студенти од сите факултети на возраст од 18-34 години кои се на додипломски, магистерски и докторски студии, државјани на Република Македонија.

Критериуми за оценување

Бизнис потенцијал: Решението има доволен бизнис потенцијал за да ја оправда инвестицијата и ризиците кои што ќе се преземат.

Иновација: Решението е иновативно, и како тоа гo разликува од конкуренцијата.

Можности за раст: Демонстрира колку добро е позициониран start-up бизнисот за да се развива и расте, колку силен е маркетинг планот и колку е мерлив бизнисот.

Влијание во заедницата: Како бизнисот ѝ користи на локалната заедница.

Финансиски резултат: Колку е одржлив бизнис планот по start-up периодот и предвидувања како ќе бидат потрошени 15.000 евра.

Доставете бизнис концепт од најмногу пет страни. Документот треба да содржи:

* Резиме од најмногу една страница кое треба да овозможи неопходни информации за демонстрирање на бизнис потенцијалот, одржливост на решенијата и мотивација и подготвеност на тимот да направи реален бизнис.

* Финансиско предвидување (предвидување на приходи и расходи, готовински тек на паричните средства и коментари) да не е повеќе од една страна и да овозможи доволно информации за растот и инвестицискиот потенцијал.

* Прилози кои даваат информации поврзани со резимето и финансиските предвидувања.

Бизнис концептите треба да бидат презентирани во PDF формат и фајлот да не е поголем од 5 MB“ – велат организаторите.

За повеќе информации – competition.jam@gmail.com

Извор