Една кинеска компанија почна да ги користи 3Д принтерите и успеа да изгради 10 куќи за еден ден. Од компанијата велат дека 3Д принтерот е евтина, брза и сигурна алтернатива за создавање вакви конструкции.
Компанијата „WinSun Decoration Design Engineering“ гради куќи во Шангај со 3Д принтери високи 10 метри, а широки 6.6 метри пишува кинеската агенција Xinhua. Тие користат мешавина од цемент и градежен отпад за да креираат ѕидови слој по слој, а процесот наликува на оној кога пекар филува торта.
„Ги порачавме деловите за принтерот од странство, а машината ја составивме во фаброката во Кина“, објаснува извршниот директор на компанијата за International Business Times кој додава дека ваквото производство е еколошко и исплатливо.
За секоја зграда од околу 200 метри квадратни трошоците за градба изнесуваат околу 5 илјади долари. Компонентите за куќата се проверуваат од аспект на квалитет, бидејќи се уште нема стандарди за градби со 3D-принтери во Кина. WinSun користи специјален цемент кој брзо се суши за да го забрза процесот.
Изградбата на куќите од страна на WinSun е едноставно, а претставниците на компанијата се надеваат дека истата технологија ќе може да се користи и за конструирање висококатници.
Ова не е прв случај на конструкции направени со 3Д принтер. На Универзитетот на Јужна Калифорнија, професорот Behrokh Khoshnevis предводи тим од научници кој направи огромен 3Д принтер, способен да изгради вистинска куќа за само 24 часа, врз основа на компјутерски поставена шема. Машината е всушност гигантски робот опремен со црево за бетон, која пополнува столбови и ѕидови чии рамки самата ги поставува. DUS Architects исто така дизајнираа 3Д принтери за конструкции во Амстердам.
Извор:Mashable