Претставници на производители, здравствени официјални лица и државни регулатори ќе утврдуваат како да да се изменат прописите на американската држава Колорадо за процентот на марихуана во храна и пијалоци. Имено, проблемот настанал по одлуката за легализација на марихуана во Колорадо која жителите се почесто ја користат во прехранбени производи, па сега корисниците не може да одредат колку таква храна можат да јадат без последици.
„Се обидуваме да одредиме разумна концентрација на ТХЦ или количина во прехранбени производи што ќе биде безбедна“, вели изјави Џорџ Сам Ванг од Детската болница, педијатар кој лекува деца кои се чувствуваат лошо по внесување храна со марихуана, објавија американските медиуми.
Таквиот вид храна почна масовно да се произведува во Колорадо откако таа сојузна држава легализираше лани употреба на марихуана. Колорадо веќе ја ограничи количина на ТХЦ, главна психоактивна супстанца во марихуаната, во прехранбени производи на 10 мг. по порција со максимални 10 порции во пакет. 10 мг. ТХЦ е количината која ја има оваа состојка во еден џоинт со средна величина.
Неодамна во Колорадо беше поставен и првиот автомат за купување марихуана, на кој освен пари, за да се земе марихуаната е потребна и лекарска дозвола.
Од компанијата American Green, која ги произведува ZaZZ машините, велат дека со вграден систем ќе се проверува возраста на купувачите. Содржината е достапна единствено за оние кои низ скенер ќе покажат биометриска возачка дозвола, а со камерите дополнително ќе се проверува дали навистина станува збор за сопственикот на дозволата. Според експертите, ваквите автомати ќе бидат хит во земјите каде е легализирана употребата на марихуана.