Излезете околу вашиот најблизок центар или град, она што ќе го видите е веќе добро познато – облакодери, згради, куќи. Урбаната убавина денес ја гледаме во многу различни форми и големини, но и покрај тоа што речиси сите се во прекрасна форма, обоени се во мала палета на бои, сива, кафеава, бордо, темни и секојдневни нијанси.
Можеби тоа е една причина зошто постојат уличните артисти. Опремени со спрејови во боја, фарби, шаблони, налепници и многу други алатки, уличните уметници имаат талент за преобразување на најдосадното од урбаниот центар со моќта на нивните неверојатни бои. Нивното дело е многу повеќе од само нивниот потпис, денешните сликари ги украсуваат масивните структури, почнувајќи од мостови до облакодери. Со цртани ликови, реални, апстрактни па дури и политички мотиви, светот на уличната уметност е една богата и сложена тема која ги потиснува сите граници на модерната уметност.
„Веќе неколку децении познати за светот, уличните уметници се многу моќни и претставуваат влијание за денешните архитекти”, велат Џејми Ројо и Стивен Харингтон, луѓето зад „Brooklyn Street Art“. Хафингтонпост направи избор од дела на повеќе уметници кои го освојуваат светот во бои.
1. Jaz (Аргентина)
2. Os Gemeos (Бразил)
3. ROA (Белгија)
4. C215 (Франција)
5. Reka (Германија)
6. Phlegm (Лондон)
7. Escif (Шпанија)
8. Aakash Nihalani (Њујорк)
9. Moneyless (Италија)
10. Ganzeer (Египет)
11. Tellas (Италија)
12. Blu (Италија)
13. Swoon (Њујорк)
Превод: Франка Граждани