На 17 мај, со почеток во 12 часот, во Дом на АРМ ќе се одржи целодневен настан од проектот „Креативна младинска акција“ на студентската организација „Излез“.
На настанот, освен претставувањето на производите изработени од страна на учесниците во петте работилници (креативно пишување, илустрација, фотографија, филм и перформанс/театар), ќе бидат претставени и производи од други индивидуалци, групи и организации, кои се вклучија во овој настан со цел да се сопре традицијата на долгогодишната критика насочена кон молкот на младите.
Програмата вклучува: детско катче со изложба, перформанс и работилница; работилници за млади; студентско ќоше; изложба на фотографии и на постери; работилница за креативно пишување; сценски и улични перформанси; проекција на кратки филмови; базар на рачни изработки и многу музика.
„Проектот „Креативна младинска акција“ ја идентификува потребата кај младите за простор каде што ќе можат креативно да се изразат и да ги искажат своите ставови и размислувања. Низ седуммесечните работилници, успеавме да најдеме простор и начин како да го победиме молкот. Дојдете и вие заедно да ја раскажеме прикаската „Кој се плаши од молкот лош?“, велат од „Излез“.
За повеќе информации, посетете ја страницата на настанот на „Фејсбук“.