[Дебата] Политиката наспроти партијата: Што ни е потребно за ЕУ?

Во рамките на активностите за месец на Европа, Младите европски федералисти на Македонија (ЏЕФ – Македонија) во партнерство со Фондацијата Фридрих Еберт на 15 мај (четврток) организирираат дебата на тема: Политиката наспроти партијата: Што ни е потребно за ЕУ?

Европска Унија

Дебатата ќе се одржи во просториите на ГЕМ Клубот (Менада) во Старата скопска чаршија со почеток во 18 часот. Панелисти ќе бидат проф. д-р Билјана Ванковска, доцент д-р Ненад Марковиќ,  м-р Емил Атанасовски и м-р Ивица Боцевски.

Дебата се организира како реакција на општествените состојби и актуелноста на темата, а во контекст на одбележување на месец мај како месец на Европа. Во текот на целата дебата Радио МОФ ќе врши видео пренос, а сите заинтересирани ќе можат да ја следат во живо на интернет.