[Галерија] Македонија покажува солидарност на дело

Илјадници граѓани на Македонија денеска се одзваа на повиците за собирање помош за настраданите во катастрофалните поплави кои ги зафатија Србија и Босна и Херцеговина.

Во организирани акции во Скопје, Тетово, Куманово, Велес, Битола и во други места низ земјата, граѓаните донираа големи количества флаширана вода за пиење, храна, облека и обувки, алати и други работи кои се неопходни во областите погодени од поплавите.

Според податоците на Црвениот крст на Република Македонија, во сите акции за собирање помош во Македонија во текот на денот се очекува да бидат собрани стотина тони неопходни производи за жителите на настраданите области. Преку специјалната линија за донации отворена на сите мобилни оператори (143 400), според последните информации, досега се собрани над 5 милиони денари (околу 80.000 евра). Отворена е и посебна жиро-сметка на која граѓаните можат да донираат пари.

Скопје

Скопје

Скопје

Скопје

Куманово

Куманово

Куманово

Тетово

Тетово

Тетово

Граѓаните кои сакаат да донираат помош и во следните денови, тоа можат да го сторат во најблискиот пункт на Црвениот крст, а еве кои производи им се најнеопходни на настраданите: