Јапонското гратче Нагоро, скриено во долините на Шикоку, крие неверојатна приказна, која во себе содржи уметничка порака, но и морничаво и предупредувачко потсетување на реалноста.
Во долгогодишниот проект на локалната уметница Ајано Цукими, заминатите жители на селото се претставени во кукли во природна големина, поставени во позиции кои најдобро го претставуваат животот на конкретниот човек во селото.
Бројот на жители во Нагоро постојано се намалува во изминатите децении – населението старее, а многу луѓе се отселуваат во поголемите околни места. Според последниот попис, во селото живеат само 35, главно постари луѓе. Цукими во изминатите десет години го прикажува овој процес на исчезнување на населението од нејзиното родно село на еден оригинален, носталгичен и по малку морничав начин.
Досега, вкупно 350 кукли направени според ликовите на починатите или отселените жители на селото се претставени како работат во полињата околу Нагоро, ловат риба во локалната река или го поминуваат времето во столици покрај патот.
Берлинскиот режисер Fritz Schumann неодамна го посети ова невообичаено место и го сними овој краток документарен филм: