Програмери од Скопје бараат краудфандинг помош за да стигнат на курс во Сан Франциско

На Маја Узунова и Никола Мијановиќ им е потребна нашата помош. Тие сe примени на академијата за развој на iOS игри Makegameswithus.us, но им недостасуваат неколку илјади долари кои им се потребни да престојат во Сан Франциско, каде ќе се оддржи посебен курс. Двајцата млади програмери, кои заедно кодираа во скопска фирма, и заедно аплицираа на Makegamewith.us, сега заедно бараат помош од заедницата да им помогне да научат повеќе за iOS игрите. Потребни им се по 5.000 долари за да го платат двомесечниот курс и престојот во САД.

Го поминавме интервјуто и ни рекоа дека ќе бидеме известени во рок од неколу дена дали сме примени – и не примија! Ние сме единствените пријавени од Македонија и двајцата добивме место“, вели Никола.

Маја и Никола успеаја да ги импресионираат луѓето од Сан Франциско првин со своето резиме, па потоа и со Skype интервју преку кое се филтрираа 200-те примени кандидати од вкупно 1.500-те пријавени на курсот за развој на iOS игри, закажан за јуни и август ова лето. Но, академијата чини околу 5.000 долари, а тука се и трошоците за престој во Сан Франциско – Меката на ИТ индустријата, но и еден од поскапите градови за живеење. Двајцата програмери се надеваат дека Makegameswith.us ќе им понуди стипендија, но шансите за тоа се мали бидејќи самата академија им препорача на сите примени кандидати да собираат пари преку Crowdtilt.

Извор