Радио МОФ по вторпат ве повикува да учествувате на нашиот #Кромидфест и да придонесете кон сатирата во медиумското онлајн општество. Темата на овогодинешниот #Кромидфест гласи:
Туѓината пуста нека остане, младината реши тука да остаре!
За да учествувате на конкурсот, потребно е да креирате сатирична/пара/кромид вест низ која ќе го претставите своето гледиште за големиот процент млади луѓе кои сакаат да ја напуштат земјата и за секојдневниот „одлив на мозоци“ што му се случува на македонското општество.
На повикот може да учествуваат сите заинтересирани млади преку испраќање вести во видео, аудио, фото или текстуален формат или преку комбинација од различни формати. Бројот на предлози кои може да ги испрати секој учесник е неограничен.
Конкурсот е отворен од 28 мај, а наместо до 9 јуни, како што претходно беше објавено, е продолжен до среда, 11 јуни 2014 година, заклучно со полноќ. Сите идејни решенија ќе бидат објавени на нашата веб-страница, www.radiomof.mk.
Победникот ќе биде избран преку гласање на www.radiomof.mk, како и преку бодување од страна на жири-комисија. Најдобрата вест ќе биде наградена со таблет Google Nexus 7 II.
Сатиричните вести можат да известуваат за животниот стандард и можностите за образование и вработување кои младите ги имаат во земјава и во странство, како и за локални, национални и меѓународни политики и случувања кои се однесуваат на младите.
Само за пример, тие можат да изгледаат вака:
Откриен тајниот спонзор за мерцедесот Е-класа на ректорот на УКИМ
Скршени вести
Филипијада Њуз – Момент на вистината
Во петок слободен превоз за студентите, наместо за пензионерите
Ректорот на УКИМ го продава мерцедесот Е-класа
Апликациите треба да се поднесат на konkursi@mof.org.mk, заедно со контакт телефон, име и презиме на авторот.
Испратените комплетни апликации не смеат да надминуваат 100Mb.
Текстуалните предлози (вести) не треба да надминуваат 60 редови текст.
Аудио и видео-предлозите не треба да надминуваат 120 секунди траење.
Повеќе информации на: info@radiomof.mk или на тел: 02/3139 – 692.
Конкурсот е поддржан од Младински образовен форум и National Endowment for Democracy.