RELOAD – бесплатен летен фестивал во Владичин Хан од 25 до 27 јули

Фестивалот Reloadкој веќе неколку години се одржува во српскиот град Владичин Хан, на 116 километри од Скопје, годинава е закажан во периодот од 25 до 27 јули. Организаторите и оваа година, како и во минатите, се потрудија да донесат актуелни имиња.

RELOAD - бесплатен летен фестивал во Владичин Хан од 25 до 27 јули

Засега се потврдени настапите на E-playPrti Bee GeeБвана, Марчело и Исказ, како и на драменбејс диџеите Scotty Masterpeace (UK) и Uncle Filthy (US). Наскоро се очекува комплетирање на програмата, а на фестивалот, покрај познатите имиња,  ќе настапат поголем број млади и неафирмирани бендови.

Влезот на Reload, како и поставувањето шатор во кампот, како и секоја година, е бесплатен, а во фестивалскиот простор ќе бидат поставени штандови на кои ќе се собира помош за настраданите во поплавите во Србија,

Погледнете фотографии од минатогодишното издание на фестивалот.

Извор