Италијанскиот илустратор Marcello Barenghi создава несекојдневни, хипер-реалистични илустрации, а комплетниот процес на сликање го снима и го споделува на својот канал на Youtube. Секојдневните предмети, фиктивните ликови од стриповите и филмовите, па дури и трофејот за Светското првенство во фудбал, во делата на Barenghi се претставени толку реално, што тешко може да се направи разлика меѓу неговите слики и фотографиите: