Петтото издание на фестивалот Relive, кој се одржува во Тетово, во организација на неколку тетовски клубови и кафе-барови, е закажано за оваа сабота (5 јули) во аква-паркот на излезот од градот. Пред очекуваната публика од околу 2000 луѓе, ќе настапи чешкиот диџеј Michael Burian, како и домашната поддршка: Оливер Петковски, Тодороф и Александар Галоски. Забавата почнува во 23.00, а влезниците, кои можат да се набават во Madison, Republic и Amnesiaч чинат 200 денари во претпродажба и 300 денари на влезот.