[Колумна] НаТочак: Две години борба за подобро Вело-Скопје

Иницијативата НаТочак беше започната во април 2012-та година од страна на група ентузијасти – точакољупци со цел подигање на свеста за велосипедот како урбано превозно средство и негово издигање на ниво на рамноправен учесник во сообраќајот во Скопје. НаТочак е исклучиво самофинансирана иницијатива каде сите приходи доаѓаат од самата група. Во мај 2014 година, се заокружија две години од почетокот на иницијативата, дваесет и пет пати масовно се возеше по скопските улици, на дваесет и пет различни теми во врска со урбаниот велосипедизам.

[Колумна] НаТочак: Две години борба за подобро Вело-Скопје

Годишниот извештај објавен во февруари 2014 година ја сумира работата на неформалната група граѓани НаТочак, која беше фокусирана на градење институционална соработка со цел подобрување на состојбата на велосипедската инфраструктура и поддршка во организирирањето на Критичната маса во Скопје. Во него може да се прочита за работните акции, организирањето и учеството на настани поврзани со урбаниот велосипедизам и активизам и отпочнатата соработка со надлежни институции и други организации.

10528093_10204425119770595_451387780_nСостојбата на вело-инфраструктурата во Скопје е далеку од посакуваното ниво. Долгорочната визија на НаТочак се одразува преку континуирано покренување иницијативи и нивна реализација преку соработка со индивидуи, организации, компании и институции. Институциите беа затекнати во време кога буџетите беа распределени, урбанисичките планови утврдени (за следните неколку години), во време кога речиси и никој не го отворил прашањето за урбаниот велосипедизам.Една година е прекратко време, тие делуваат бавно, се случува понудените решенија да се делумни или несоодветни, беше забележан недостаток на know-how. НаТочак се обрати до Министерството за внатрешни работи, Град Скопје и десетте скопски општини, Државниот завод за статистика, ЈП Улици и патишта, ЈП Градски паркинг и др., но беше јасно дека ќе има повеќегодишна „борба“ со институциите.

10510247_10204425119850597_281124564_nНаТочак изминатите шест месеци, како и претходно, учествува во процесот на подобрување на решенијата. Реакциите од сограѓаните за конкретни проблеми на велосипедските патеки беа поттик да се испраќаат пријави. Во соработка со Град Скопје, НаТочак изготви урнек за пријава и испрати триесет пријави за дупки и недоследности на велосипедските патеки од кои осум беа реализирани. Најтешко е справувањето со паркираните возила, а како логична последица се наметна креирањето на Facebook групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ каде се агрегираат сведоштва од непрописно паркирање.

Во Македонија постои постои потреба од правилник за проектирање и изведба на велосипедски патеки, неопходен е за реконструкцијата на постоечката инфраструктура, но особено за изградба на новата. НаТочак покрена иницијатива и учествуваше во изработка на правилник кој во моментов е во подготовка.

Скопје е еден од ретките европски главни градови во кој не се мери соодносот на различните видови сообраќај, а со тоа и уделот на велосипедскиот сообраќај во вкупниот. НаТочак испрати барање за воведување засебна статистика за вело-сообраќај до Заводот за статистика, притоа побара поддршка од учесниците на Критична маса која резултираше со околу 1000 потписи за каузата.

Крадењето на велосипеди е проблем речиси во целиот свет. Овој период во Македонија повеќе се забележува поради зголемената употреба на велосипедот. Недостигот од паркинг места за велосипеди не е единствениот фактор за кражбите, но има значително влијание. НаТочак даде предлог до општините за поставување паркинзи пред јавните институции, како и пренамена на дел од местата за автомобили во места за велосипеди од јавните паркинзи. Во меѓувреме ги охрабрува оние на кој им е украден велосипедот да пријавуваат на Facebook групата „Украдени точаци“, можеби ќе биде препознаен од заедницата.

Системите за изнајмување велосипеди треба да се третираат како јавно добро. НаТочак собра искуства од корисниците на системот, направи анализа на тековната состојба и предложи приоритетни локации за поставување на нови станици, поставување на држачи и за индивидуални велосипеди, во склоп на станиците, како и подобрување на информираноста на граѓаните преку соодветни материјали.

10503577_10204425119810596_2128638571_oВозењето велосипед по рамен пат само по себе е безбедна активност. Небезбедноста доаѓа при допирот со моторизиран сообраќај и проблемот се решава на еден од двата начини: издвојување на велосипедската инфраструктура или ограничување на брзината на возилата до 30км/ч со можност за заедничко сообраќање. За зголемување на безбедноста на велосипедистите неопходно е да се работи на едукација за сообраќајните правила и обезбедување безбедна инфраструктура за сите. На намалување на несреќите нема да влијае можното најавено воведување на задолжителна кацига. Таа создава чувство на страв и слика дека возењето велосипед е опасна активност и ги оттргнува потенцијалните велосипедисти. Во Европска унија, вклучително и нај-вело-пријателските градови во светот кацигата не е задолжителна опрема за на велосипед, но задолжителна е безбедната велосипедска инфраструктура и сообраќајната едукација.

10486306_10204425119930599_552918525_nКомуникацијата и мобилизацијата на подржувачите на иницијативата се остварува најмногу преку употреба на новите технологии, односно преку социјалните медиуми. Заедницата која се собира околу Facebook и Twitter, е интерактивна и учествува со предлози, коментари, критики и секако со учество на мирните протести по скопските улици познати како Критична маса. Иницијативата е започната и во Тетово, Гостивар, Прилеп и Битола, а има најава и од други градови во Македонија. НаТочак има постојана потреба од свежи идеи, ново знаење, искуства од учесници во урбаниот велосипедизам и е отворена за секој кој сака да се приклучи. http://natochak.blogspot.com , http://facebook.com/NaTochak , http://twitter.com/natochak.

НаТочак