Од овој четврток (10 јули) започнува „Новата диско вечер во нашиот град“. Во клубот Хавана присутните ќе може да слушнат музика и од старите добри диско, фанк и соул мајстори, но и нова модерна музика.
„Дојдете за преку танц и дружење да заборавиме на летните горештини, како и проблемите кои не оптоваруваат во секојдневието“, порачуваат организаторите на овие диско-вечери.
Музиката ќе ја селектираат диџеите Ulterior & Puk’kah кои се активни на скопската хаус и диско сцена, како со настапи по клубовите, така и на интернет радиото Mash. Нивните сетови се доста еклектични, но со публиката во фокус.
Повеќе информации за музиката, но и готови миксови можете да најдете на следните линкови : Мashradio, Soundcloud.com/ulterior и на Soundcloud.com/sxspul.