Денеска во 19 часот се отвораат вратите на најдобриот европски фестивал EXIT. Поради големата гужва што се очекува на влезот, организаторите ги повикуваат сите посетители да дојдат што порано, за да ја избегнат гужвата.
Во чест на отварањето, EXIT подготвува досега невиден аудио-визуелен спектакал на овие простори, со легендарните Pet Shop Boys во главната улога, а со потпис на светската уметничка Es Devlin која е позната по церемонијата за затворањето на Олимпијадата во Лондон во 2012 одина, но и по дизајнот на турнеите на најголемите светски ѕвезди како што се Kanye West, Muse, Lady Gaga, Shakira, Miley Cyrus и други.
Pet Shop Boys спремаат невидена церемонија за отварањето на EXIT, кое не е само концерт, туку мјузикал, претстава и нов уметнички израз. Програмата на Главната бина на фестивалот ќе започне во 20 часот, а ќе го отвори новиот проект на Hornsman Coyote, по што следи „Energy opening by Balkanopolis“, за потоа сцената да ја преземе белгискиот хит-мејкер Stromae кој има повеќе од половина милјарда прегледи на јутјуб -каналот и е авторот на хитови „Alors on Dance“, „Papaoutai“ и „Formidable“.
На mt:d Dance Arenaта доаѓаат хедлајнери од водечки светски фестивали, прогласени за најдобри нови електронски состав во 2013 година, британската двојка Disclosure, со специјалното шоу наречено Wild Life.
Од денеска влезниците се достапни само на влезот на фестивалот и тоа по цена од 11.990 динари (околу 100 евра) за EXIT, односно 16.990 денари (околу 150 евра) чини билетотза EXIT Avantura. Дневната ќе биде 3.500 динари (околу 30 евра), а до 12 јули цената на тридневната карта за Sea Dance фестивалот е 3390 динари (околу 30 евра).
За време на траењето на фестивалот, на главниот влез на Петроварадинската тврдина, ќе биде поставен пункт на кој посетителите ќе можат да донираат помош за настраданите во поплавите во Србија, секој ден во периодот од 21 до 24 часот, а посетителите на EXIT на голем видео екран ќе можат да ги пратат натпреварите од Светското правенство во „вистинска бразилска атмосфера“.
Годинава сите заинтересирани ќе можат да го следат Exit преку пренос во живо на социјалните мрежи Facebook, Twitter, Youtube, Flickr, а EXIT мобилната апликација ќе ги известува присутните за сите случувања на фестивалот.
Извор: Б 92