[Радио МОФ@EXIT 2014] Tехно, кал и танц во петокот на Dance Arena

Дожд, техно, кал и измешани чувства на десетина илјади посетители ja карактеризираа петочната вечер на Dance Arena-та на најдобриот голем европски фестивал за 2013 година, EXIT. На вечерта најавена како Carl Cox & Friends и претходеше студен и дождлив ден во Нови Сад, проследен со неизвесност дали метеото ќе се смилува и ќе дозволи масовен танц под отворено небо, без поројни дождови. Енергијата на публиката надвладеа, дождот престана, а остана калта под  и на нозете на клаберите на Dance Arena.

OH YES, OH NO – техно, кал и танц на Dance Arena на EXIT 2014

После загревањата од Eats Everything & Cаssy, прв меѓу главните изведувачи настапи домаќинот на вечерта Carl Cox, во „back to back“ (b2b) варијанта со Danny Tenaglia. Ѕвездите на вечерта привлекоа голем број посетители и од главната сцена на фестивалот, каде во 01:45 заврши настапот на Rudimental.  Тричасовниот сет на Cox и Tenaglia ја размрда гужвата, ги подгреа очекувањата, но донесе и разочарувања. Публиката не доби поврзана техно приказна, што беше пречка за целосно уживање. Наместо добро испланиран сет, беа презентирани темно индустриско техно неповрзани траки и недостаток од музичко возење.

IMG_6723

Тврдиот звук продолжи и а за време на live настапот на Planetary Assault System, меѓу 04:45 и 06:00 часот. Овој пат музиката доби повеќе смисла, иако монотона и без вариете, но публиката забележа дека диџеите и техничарите не се во најдобра координација, што резултираше со неконтролирана количина бас на арената, бас кој предизвика непријатни вибрации.

Конечно, во 06:00 часот, уморот ги дочека великаните на берлинското техно, Ben Clock & Marcel Dettmann, кои во извесна мера ја спасија вечерта. Двочасовен сет со одлично темпо кое прогресира, без експерименти, без комерцијални неповрзани траки и со осет за публиката која собра сила да ги изигра последните два часа на петочното издание на Dance Arena.

IMG_6733

Оваа година на EXIT повторно настапија и македонските техно артисти од групацијата Drop Series, кои по трет пат се едни од  носечките изведувачи на Urban Bug сцената. Горан Кан и Александар Видиновски во четвртокот во 6 часот наутро повлекоа голем дел од публиката која ја напишташе Dance Arena-та и обезбедија 90-минутно утринско мрдање, а Виктор Апостолски во b2b варијанта со Вемич од Србија ги одбрани боите на македонското техно.

EXIT продолжува со уште две вечери, а како главни изведувачи  на Dance Arena-та се најавени Tiga, Maceo Plex и Deep Dish.

Александар Стојановски

Марјан Забрчанец