[Радио МОФ @ EXIT] Maceo Plex и Danny Daze го тресеа Нови Сад со петчасовен сет

Maceo Plex и Danny Daze се артистите кои оставија белег на саботното издание на Dance Arena, затворајќи ја сцената со b2b настап меѓу 06:00 и 8:30 часот. Утринско сонце, насмеана публика, тврди басови, меки мелодии и добро позиционирани вокали предизвикаа аплаузи и барања барем за уште една трака пред крај.

IMG_6833

Настапот на Maceo Plex и Danny Daze го карактеризираа две изненадувања. Најпрво, појавувањето на Skrilex како нивни гостин кој после својот настап на Main Stage се приклучи на ДЏ пултот при затворањето на Dance Arena и ја поздрави публиката со микс од 3 траки.  Второто изненадување беше за околу 200 клабери кои го посетија официјалниот EXIT after party, на еден од сплавовите на Дунав, во месноста Рибарско Острво. Таму, звукот познат, сличен како на Dance Arena, но помек и помелодичен, а на сцена повторно Maceo Plex и Danny Daze. Присутните на after party-то беа почестени со уште еден тричасовен сет на двајцата електро виртуози, заклучно со пладне.

IMAG2715

После дождот, калта и тврдото техно од петокот, саботата на Dance Arena понуди музички пресврт кој се карактеризираше со повеќе танц и концептуално електронско возење, меѓу тек-хаус, електро и техно. Први од главните изведувачи кои под ведро небо привлекоа река народ беа Afrojack и Quintino, со комерцијална и тешка електронска музика, наменета пред се за посетителите од Британија кои брзо после нивниот настап се повлекоа на други сцени и овозможија комотна атмосфера за време на следните изведувачи.

IMG_6806

Tiga и DJ Hell во своите први 30 минути експериментираа со различни музчки правци, миксајќи исечоци од траки, за последните 90 минути да воспостават добра комуникација со публиката за што добија аплаузи и врисоци.

IMG_6818

Почетокот на кулминацијата го најавија канаѓанката Heidi и њујоркшанката Kim Ann Foxman, кои со одлични поврзани бас линии и континуирана прогресија го најавуваа шоуто на Maceo и Danny.

MVI_6785

Радио МОФ најавува ексклузивно интервју со Heidi и Kim Ann Foxman, во кои говорат за нивнитепогледи кон елетронската музичка сцена, за публиките и за очекувањата од музиката во иднина.

Марјан Забрчанец

Александар Стојановски