Споредувајќи со предходниот ден, вчерашната вечер помина во многу подобра организација, побогат лајн ап и поголема посетеност од отворањето. Заедно со останатите посетители, се навикнавме на лавиринтите поставени со огради меѓу стејџовите, дождот беше во помали количини и не ја поплави кампинг зоната, а и калта низ реонот на фестивалот беше прилично добро покриена.
И покрај тоа што ова е прво издание на „Sea Dance“, од ден на ден ова станува се подобро место за дневно опуштање на плажа со реге и латино, до луда журка на денс стејџ па дури и во 15 часот попладне, за на крај неуморно да се продолжи на главната сцена, којашто вчера беше многу посетена.
Главната журка синоќа започнаа со Лолобриџида, со забавни ритмови размрдувајќи ја младата публика, додека по нив забавата продолжи со фузија на хард кор реге од фантастичните Eyesburn кои помогнаа атмосферата тотално да се загрее до настапот на Who See, кои ја делеа сцената заедно со Bad Copy. И покрај тоа што публиката која го посетува Егзит, во две години ги слуша по трет пат, покажаа дека навистина знаат да направат добра забава. Реакциите на публиката беше мошне позитивни, а со самото тоа тие и „ја добија битката на стејџот“.
Мешавината на различни стилови на музика ја продолжи и Кирил Џајковски кoj заедно со TK Wonder и динамичниот ритам ја кренаа целата, веќе уморна публика на нозе. Фестивалската зона се преполни непосредно пред настапот на Еxample, кои успеаја вистински да ја размрдаат публиката што, иако слабо ги знаеше нивните песни, неуморно повторуваше кога ќе ја повикаа. Нивниот „лабав“ хаус стил беше вистинско опуштање по целодневната загреана атмосфера, одличен одмор во „чил зоната“ по долгиот ден.
Фестивалот низ текот на вторниот ден го доби своето вистинско светло – „Sea Dance“ каков што сите го замислувавме уште со појавувањето на тизерот, со богата музичка програма до раните утрински часови.
Софија Павловска