Уште само 37 дена до отворањето на мистичните порти на тврдината Punta Christo каде бројни часови ќе одекнува музика меѓу приказни на ѕидови стари векови, меѓу ѕвезден свод што задскрива жедни насмевски, меѓу допирот на сончевите зраци и брановите на брегот во Пула.
Од 27ми до 31ви август на хрватското крајбрежје ќе се одржи третото по ред издадие на Dimensions Festival. И оваа година, како и претходните, она што го нуди оваа платформа е програма од која да се биде дел е искуство за кое недостасуваат зборови да се прераскаже. Во 5 дена над 200 реномирани изведувачи, 11 сцени, 30 различни журки на бродови и концерт за отварање на фестивалот во Римски амфитеатар стар 2000 години.
За отварањето со свои настапи во живо се најавени Caribou, Darkside, Nils Frahm и Kwabs.
Jon Hopkins, Roy Ayers, Moodyman, Juan Atkins & Mortis Von Oswald, Theo Parrish, Nina Kraviz, Karizma, Mala, Floating Points, Move D, Blawan, Goldie, dBridge, Calibre, Lenzman, Jubei, Kode 9, Om Unit, Vatican Shadow, Andrew Ashong, се само дел од изведувачите кои ќе настапуваат низ деновите.
Музиката отсекогаш го менува светот со тоа што ги менува луѓето, затоа проверете ја целосната програма на овогодинешниот најдобар фестивал за андерграунд електронска музика и придружете се.