Богат музички викенд ќе се случува на плажата „Оревче“ во охридско Градиште – настаните почнуваат утре (25 јули) со журката „Trap the fuck up“, на која ќе настапат Animalia Nativa, Bass Infusion и Кацар.
На сабота, на 26 јули, по три години, повторно на „Оревче“ концерт ќе одржи групата „Фолтин“. Пред да заминат во Германија, битолчаните ќе ја почестат домашната публика со двочасовна свирка со оган и свеќи. Претходно, низ денот со почеток од 12.00 часот свој настап ќе има Илина Ангеловска од Канал 103 како загревање за концертот на „Фолтин“.
Во недела, на 27 јули, бесплатен дневен концерт ќе одржи белградската група ТИ. Настапот на дуотољ е закажан за 17.00 часот. Претходно, ќе настапи и Dojo од Белград, а претходно од 12 часот настап ќе има Соња Исмаил од Канал 103.
По викендот, на 30 јули (среда) следува настапот на њујоршкиот диџеј Jason Falzone. Него ќе го придружува Dj Tiho, а претходно од 21 часот концерт ќе има охридската група The Backdoor band.
По повод Илинден и 70 години АСНОМ, на 1 август на „Оревче“ од 22 часот се организира празнична техно-забава со настапи на Галатеа, Роботек и Мирко Попов. Празнично на 1, 2 и 3 август преку ден, свои настапи ќе имаат диџеите на ОЛУК мултимедија.