Уште една реплика на париската Триумфалната порта постои во Австрија. Таа е направена од 2 и пол тони стар леб. Авторот на необичното дело е уметникот и активист за одржливост Markus Jeschaunig, кој со ова сака да го сврти вниманието на јавноста на проблемот на човековото расипништво со храната.
Во Австрија, земја со околу 8 милиони жители, годишно се фрлаат 170.000 тони употреблива храна, а дури 70.000 тони од ова се леб. Огромни ресурси се трошат за да се произведе, да се транспортира, но и за да се фрли оваа храна. Само ако го зачуваме количеството храна што се фрла во Европа, ќе ги нахраниме сите гладни во светот, и тоа двапати, вели Jeschaunig.
За неговата инсталација подигната како дел од фестивалот Lendwirbel, тој потрошил 8.65 кубни метри стар леб, кои ги собирал неколку недели по продавниците околу Грац. Кога портата била завршена, уметникот организирал јавна расправа на местото, која поттикнала поенти и можни решенија за проблемот со фрлањето на храната.