Поддржувачите на големиот социјалистички лидер на Венецуела, Уго Чавез, кој почина лани во март, открија уште еден нов начин за да го одржат сеќавањето за него – фонт за пишување во „Ел Команданте” стил.
Карактеристичниот Чавез фонт беше лансиран во понеделникот од страна на група на млади „анти-империјалисти” за да се совпаѓа со национално одбележување на 60-годишнината од неговото раѓање.
Болдираниот фонт стана познат за Венецуелците откако Чавез поминуваше часови на националната телевизија во пишување и цртање на табли и хартии за да ги објасни политиките, да се развијат идеи и потпишат договори.
Неговиот потпис, кој е во црвено во знакот на социјалистите може да се најде на маици, безбол капи но и на ѕидовите на голем број згради во Венецуела.
Новиот фонт може да се симне бесплатно од веб-страницата на “Creative Trench” групата.
Извор: telegraph.co.uk