Вербални закани и предупредувања дека ќе бидат отпуштени од работа добивале членовите на СОНК доколку присуствуваат на утрешниот протест пред Министерството за образование и наука, објави Телма.
Од СОНК велат дека и покрај огромните притисоци врз членовите на синдикатот, тие ќе го одржат протестот но до синдикатот пристигнале известувања дека голем дел од договорените автобуси со кои нивните членови треба да пристигнат во Скопје, се веќе откажани.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков за Телма изјави дека притисоците станувале се пожестоки и тие сигурно ќе влијаат врз намалување на бројот на оние кои ќе протестираат.
На утрешниот протест ќе дојдат и тројцата професори од Универзитетот „Гоце Делчев – Штип“, кои веќе трета недела штрајкуваат со глад и бараат да бидат избрани во повисоки звања, за што дала мислење и рецензентската комисија.