Nils Frahm: Не би можел да бидам среќен без музиката

Своето музичко образование го почнува со класичната музика и пијаното, но светот денес го препознава по модерните комбинации на електронски звуци и класика. Познатиот германски музичар, композитор и продуцент Nils Frahm , во пресрет на својот настап на фестивалот Tauron Nowa Muzika во Катовице, Полска, во интервју за Радио МОФ зборува за фестивалските очекувања, за моќта на музиката, за пијаното и за електрониката. На фестивалот кој се одржува од 21 до 24 август, покрај Nils Frahm ќе настапат Kelis, Neneh Cherry, Mouse on Mars, Chet Faker, Actress, Theo Parrish и бројни звучни имиња.

Nils-Frahm-photo-by-Tracy-Morter_web

Како се запозна со пијаното, преку класични и модерни композиции или имаше допирни точки и со други видови музика, како на пример со џезот?

Сите видови на музика ме инспирираат, од класичен џез до електронска музика до панк. Нема музика која не ја слушам, сакам да слушам се што можам.

Како дојде до идејата да ги измешаш сопствените способности за свирење на пијано и електронските звуци?

Па сето тоа некако дојде природно.. Свирев пијано доста и кога имав 16-17 години, почнав да правам електронска музика. Тогаш повеќе го користев синтисајзерот. Околу 2000 -та година мојот главен фокус стана „интелигентната денс музика“ – онаа за слушање по дома.

Дали постои смислена приказна која треба да се раскаже со секоја песна и албум?

Сакам да раскажувам – особено кога не користам зборови. Единствените зборови на моите композиции се најчесто по неколку збора кои јас лично сум ги напишал.

На пример, за „Spaces” се прашував дали можам од снимка од настап да направам албум. Денес никој повеќе не ги сака снимките, станаа непосакувани во музичката индустрија. Ретки се снимките од настапи во живо кои се сметаат како нешто вредно кое што треба да се има. Па си помислив „ОК, ајде да пробам да направам албум од снимка од настап кој не мора да биде распродаден, но да не изгледа како лоша идеја од музичка компанија која сака да направи повеќе пари на сметка на артист кој нема повеќе идеи за снимање песни во студио“. Обично снимките се прават кога артистот ја надминал точката на креирање оригинални интересни дела. За мене ова искуство беше повеќе околу користењето на сцената, амбиентот и публиката, користејќи ги нив како извор на инспирација. Сигурен сум дека точно тие песни не би можеле да бидат снимени никако поинаку. Доколку ги снимав во студио, немаше да звучат онака како што звучат. Користењето на сцената како студио се покажа како добар експеримент.

Дали преферираш да работиш на својата музика сам или заедно со други луѓе? 

И двете се интересни како процес. Ако го јадеш истото јадење секој ден, ќе бидеш многу радосен доколку се случи промена. Исто е и со работењето сам секој ден, станува малку здодевно по некое време па работата со некој ја ценам многу. Истовремено доколку подолго време работам со некој, тогаш ќе посакам да поработам сам. Мудро е да се работи на двата принципи по малку. Не знам со кого би сакал да соработувам.

Што работи Nils Frahm во моментов, ќе има ли ново ЕП во блиска иднина?

Секогаш работам на нешто интересно. J Веројатно ништо наскоро. Работам полека, истовреме на многу песни, проекти и идеи, но сакам да го користам времето што го имам правејќи го она што најмногу го сакам – компонирање музика. Не сакам да им досадувам на луѓето со секое мало дело што сум го направил.

А како вобичаено тече работниот процес?

За мене, работниот процес е секојдневна работа на некој проект. Кога луѓе ќе ме прашаат „Како ја создаваш музикава?“ не знам што да им кажам. Пробувам различни звуци и експериментирам секојдневно, и некогаш тоа што го правам е супер, некогаш не е. Нема начин како да дознаеш дали добро ти оди, освен пробувањето. А јас тоа го правам секој ден.

Најголем дел од мојата работа се подготовките и поправањето на опремата – постојано нешто се крши и расипува, бидејќи се на што работам е аналогно и многу кршливо, ништо не работи онака како што би требало. Треба да купувам ленти, да ги чистам машините, да се грижам за сите кабли и поврзувања во студиото, да правам модификации за настапите во живо. Се трудам сите проекти на кои што работам да звучат интересно и различно. Експериментирам со различни техники на снимање и тестирам различни позиции на микрофоните за да видам како можам да ги поврзам домашно направените синтисајзери еден со друг. Откако ќе ги направам сите овие активности, мојата музика едноставно се случува. Работам на проверки на звукот во студиото и по 5-6 часа, за се да звучи совршено. И потоа вежбам 40тина минути до еден час, и можеби во ова време ќе најдам материјал од 4-5 минути кој ќе ми се допадне. И потоа го изолирам и му давам име.

Не се трудам да ја исцедам целата музика од себе и она на што многу се посветувам се техничките аспекти. Се треба да биде совршено па затоа и подготовките траат многу долго. Но кога станува збор за создавање на музиката, не работам напорно, уживам во тоа.

Што за вас претставува музиката ?

Има краток и многу долг одговор. Краткиот е дека музиката е организиран звук, организиран од страна на луѓето.

Но музиката е многу повеќе. Има физичко значење, е нешто научно. Да се движи низ воздухот, има културна димензија – спојува култури и луѓе и помага во креирањето на социјалната средина. Истовремено е и средство, медиум за комуницирање. Ако има повеќе музика и повеќе размена на истата меѓу луѓето, тогаш тие ќе научат повеќе едни за други и ќе се почитуваат повеќе, и индивидуално и на културно ниво. Тешко е да се замисли животот без музика, таа е толку нормална и вообичаена работа за нас, што не можеме ниту да го замислиме светот без неа. Доколку не најдеме начин да дознаеме каков би бил животот без музика, не можеме да знаеме ниту колку таа ни е важна нам.

Јас можам само да кажам колку таа е важна за мене – без музика, не би бил онолку среќен колку што сум. Може да го промени мојот став, мојот живот, начинот на кој што се чувствувам, начинот на кој ги перципирам работите – може да ја промени лошата енергија во добра. Со вистинската музика, можеш да направиш луѓето да се видат себеси во поинакво светло и да го промениш нивниот став. Тоа е прекрасно.

Се подготвувате можеби за настапот на Tauron Nowa Muzika, фестивалот кој се ближи?

Не, никогаш не се спремам. Вежбам и правам музика секој ден. Одам на толку многу фестивали што и немам потреба да се спремам за секој поединечно.

Fat Beats / Нерсес Малакјан и Иван Мицковски

Дел од интервјуто на аглиски јазик може да го порочитате во продолжение, додека целосната англиска верзија може да ја прочитате ОВДЕ .

How were you first introduced to the piano? Was it always classical and contemporary compositions or were there also run-ins with jazz?

All kinds of music inspired me, from classical jazz to electronica to punk. There is no music that I don’t listen to. I love listening to everything.

How did you get the idea to mix your piano skills with that very peculiar mix of electronic sounds?

It kinda came naturally. I played piano a lot and when I was 16 or 17 I started making electronic music. Then I did only “synthesizer” stuff, electronica – that kind of music. It was about 2000 so IDM (Intelegent Dance Music) was my main focus – more like home-listening electronica.

What is music to you? Is it just pressure waves moving through the air in a pattern that our brains find instinctively pleasing or is there something more?

There is a short answer, and a very long answer. The short one is, music is organized sound or music is sound organized. Organized by humans.

But music is much more. It has a physical meaning, it is something scientific – Yes it is moving air, it has a cultural meaning – it connects cultures and people and it helps create a social enviorment, it’s also a media for communication. If there was more music and more musical exchange then people would learn more about eachother and cultures would appreciate eachothers more. It is hard to imagine a life without music, it is so common and so normal for us, that it is impossible for us to imagine a world without it. So, unless we find out how life would be without music, we will never be able to tell how important it is to us.