Журка до раните утрински часови на „Green beach festival“ во Охрид

Со бројна публика, одлична атмосфера и организација мина петтото издание на „Green beach festival“. До раните утрински часови неколку илјади посетитетели на плажата „Парк“ во Охрид се забавуваа со техно и хаус сетовите на двајцата Британци YOUSEF и Mr.C, чие присуство беше потврдено само еден ден пред фестивалот, откако поради семејна трагегија беше откажан настапот на Danny Tenaglia.

Green beach festival“

Сепак, ова не го расипа расположението на присутните, а YOUSEF и Mr.C уште еднаш покажаа зошто се ценети имиња во светот на електоронската музика.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Двочасовниот сет на YOUSEF почна во 01:30 часот со помелодичен хаус, за потоа да продолжи во енергичен техно сет кој го „крена“ расположението на публиката.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Во сосема поинаков правец пак течеше сетот на Mr.C. Техно битовите, со психоделични, ретро моменти прво ја збунија публиката, за подоцна сите да се препуштат на невообичаениот техно сет на музичката легенда. Richard West ака Mr.C, во раните ’90 попознат како фронтмен на славната поп група The Shamen, се приближи до младите кои во Охрид го слушаа неговиот музички избор од 3:30 часот, па се разденување.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Пред британските диџеи, свој настап имаа  холандскиот диџеј Ирмин Ван Дер Мејден, Никифор, Зоки Бејбе и SABB.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Плажата „Парк“ уште еднаш потврди дека е добар избор за ваквите настани, како поради близината до Охрид, така и поради просторот кој може да гарантира одлична забава.

Ј.Ј.