Државните функционери, директорите, дипломатите, стручњаците и научниците имаат највисоки плати, но само 1,4 проценти од вработените во земјава земаат плата повисока од 40 илјади денари. Порталб ја пренесува новата студија на статистиката посветена на пазарот на труд која покажува дека 22 отсто од вработените се со елементарни занимања, и токму во оваа категорија платите се меѓу најниските. Евитната работна сила е еден од аргументите на Владата со кои Македонија пред странските инвеститори ја промовира како атрактивна дестинација за инвестирање.
Повеќе од 100 000 вработени со плата од 200 евра…
Само 1,4% од вкупниот број на вработени имале месечна заработувачка повисока од 40 000 денари. Повеќе од 10% од вработените земале плата од пет до осум илјади денари. Ова го покажува најновото истражување на Заводот за статистика во кое се прави анализа на пазарот на работна сила во земјава. Најголем процент од вработените или скоро 18% земаат плата од 12 000 до 16 000 илјади денари. Еве колку од вработените какви плати заработувале:
-до 8 000 денари 10,3%
-до 10 000 денари 13,2%
-до 12 000 денари 16,1%
-до 16 000 денари 17,0%
-од 20 000 до 25 000 денари 23,8%
-до и повеќе од 40 000 денари 3,4%
Анализата на бројките покажува дека најголем дел од вработените лани, или повеќе од 109 илјади лица месечно живееле со плата од 162 до 200 евра. Ниските плати, односно евтината работна сила, според Владата е еден од клучните аргуменит со кои Македонија се промовира пред странските инвеститори. Оние што ќе отворат фабрики во бесцаринските зони се ослободени од ДДВ, но и од давачките на име плата. Така инвеститорите во период од 10 години се ослободени од данокот на добивка, но и од персоналниот данок за вработените.
„Еден од клучните аргументи на Владата за привлекување на странски инвестиции е евтината работна сила. Владата се фали дека Македонија според месечната заработувачка на работниците предничи во регионот и во Европа. Ние сме сведоци дека во дел од новите погони што ги отвораат странските инвеститори, особено во слободните економски зони, се даваат плати и по 200 евра месечно. И со овие плати јас би кажал дека тие работници се полувработени. Зборуваме за плати кои се даваат во слободните економски зони каде инвеститорите уживаат големи бенефиции во однос на домашните фирми, односно таму државата ги субвенционира придонесите за плата, а има и серија на даночни ослободувања.“ – објаснува за Порталб, еден од поранешните министри за финансии Џевдет Хајредини.
Ако платите се анализираат според професијата, односно занимањето, тогаш најдобро платени се функционерите, директорите, стручњаците и научниците. Така, од вкупниот број или 35 илјади членови на законодавни тела, функционери, директори, дипломати, скоро 10 700 месечно заработуваат од 20 илјади до повеќе од 40 илјади денари. Истата сума ја заработуваат повеќе од половина од научниците и стручњаците, односно скоро 50 илјади лица. Од друга страна, најголем дел од вработените со елементарни занимања, ракувачите со машини, техничарите, земаат плати пониски од 16 000 денари.
Неодамна отако во јавноста се отвори дебата за цената на трудот во странските компании, каде се даваат субвенционирани плата, Владата одби да ја коментира состојбата со образложение дека станува збор за приватни фирми.
„Македонија премногу се рекламира како земја со евина работна сила. Она што е важно е дека инвеститорите во слободните економски зони во одреден временски период не плаќаат придонеси и други давачки за платите на вработените, што значи дека државата на ваков начин не само што не може да очекува приливи, туку има и издашност за да ги покрие овие трошења. Наместо да подржува вакви модели на бенефеции, владините политики треба да одат во насаока на поддршка на синдикалните здружувања кои пак ќе се борат не за било каква плата, туку за повисока плата“ – оцени неодамна за „Пораталб“ професорот Здравко Савевски.
Администрацијата и натаму останува најпосакувана работа. Истражувањето на статистика покажува дека скоро 11 отсто од вработени се државни службеници, функционери и чиновници. Така, повеќе од 35 илјади луѓе се членови на законодавни извршни тела, државни функционери, раководители, дипломати и директори. Еве во кои сектори и занимања има најмногу вработени:
-Елементарни занимања 22,1%
-Работници во услуга и трговија 15,0%
-Стручњаци и научници 13,5%
-Неиндустрија 11,9%
-Директори, функционери, дипломати 5,2%
-Службеници 5,7%
Она на што упатува експертската јавност е големиот јаз меѓу најниските и највисоките плати. Така, во истражувањето „Богатството и сиромаштијата во Македонија“ пишува:
„Тоа што највисоката нето-плата е 245 пати повисока од просечната нето-плата фактички значи дека оној што зема просечна плата треба да работи 245 месеци или 20 години и 5 месеци за да прими само една месечна плата на најплатениот менаџер во 2011 година. Споредбата со минимална плата е уште пофрапантна. Минималната плата од 8.050 денари, воведена во повеќето сектори во 2012 година, е 631 пат пониска од највисоката плата во 2011 година. Со други зборови, работникот кој зема минимална плата треба да работи 631 месец, односно 52 години и 7 месеци за да заработи само една месечна плата на најплатениот менаџер во 2011 година!“ – констатираат кретаорите на истражувањето.
Според магазинот “Форбс“ плaтите во земјава се за 50% пониски од оние во источно европските земји.
Извор: Порталб