Албанија затвора 18 универзитети поради продавање дипломи и лош квалитет

Албанското Министерство за образование донесе одлука за затворање на повеќе од 30 образовни институции, меѓу кои се и 18 универзитети, а како причина за одземањето на лиценците се наведува “слабиот квалитет на едукацијата и продажба на дипломи за пари“, пренесуваат албанските медиуми. Според наводите, образовните институции кои се затвораат досега издале преку 16.000 лажни дипломи.

Албанија затвора 18 универзитети поради продавање дипломи и лош квалитет

Одлуката е упатена на одобрување во Советот на министри, а со неа ќе бидат укинати лиценци на бројни универзитети, колеџи, гимназии и стручни училишта.

Албанскиот премиер Еди Рама на образовна конференција на универзитетот во Тирана изрази поддршка на настојувањата на Министерството за образование да го подобри квалитетот на образованието и да го подобри имиџот на албанскиот образовен систем, па додава дека во тој контекст наскоро ќе бидат воведени нови услови за лиценцирање на образовните установи.

Во одлуката на Министерството исто така се наведува дека дипломите на студентите кои завршиле на овие образовани установи кои ќе останат без лиценца ќе бидат признаени, а учениците и студентите кои моменталностудираат на нив ќе бидат запишани во други образовни институции, со признат период на школување во затворените установи, со цел да не бидат директни жртви поради овој потег на Министерството.

Во меѓувреме, опозицискиот лидер Љуљзим Баша го нарече случајот со универзитетите „чиста корупциска афера“ на премиерот Рама и Илир Мета.

Извор