Јапонскиот бенд Pyramidos со свој настап во Летен камп Кастро

Јапонскиот бенд Pyramidos, познат по својата симпатична изведба на фолк-песни од Балканот допатува во Македонија како дел од својата мини-балканска турнеја.

 Pyramidos

Во недела (10 август) тие ќе одржат концерт во Летниот клуб Кастро. Пред пристигнувањето во Скопје пак, настапуваат во Крушево и  Битола, каде доаѓаат по „туристичката“ прошетка низ Атина и Солун.  Изведбата на балканските евергрини Бубамара, Македонско Девојче или Мастика е само мал дел од репертоарот на четворицата Јапонци.

Piramidos

Концертот на Pyramidos во Летен камп Кастро (на градската плажа кај Камениот мост) започнува во 21 часот. Влезот е слободен.