Фејсбук вчера објави две важни промени во политиките на платформата, поврзани со игрите и правилната употреба на социјалната мрежа. Еве како се формулирани новите правила:
– Игрите кои вклучуваат задожително плаќање или можност за плаќање, ова мора да го назначат во описот на апликацијата, на Фејсбук или на други платформи кои ги поддржува. Ова треба да ги предупреди корисниците дека условите на играта можат да се сменат додека тие ја играат.
– Фејсбук-страниците не смеат да ги привлекуваат корисниците со условување за користење плагини или со кликање „лајк“. Ова вклучува понуди за награди или пренасочување апликации и содржини засновано на тоа дали корисникот кликнал „лајк“ на конкретната страница. Останува дозволено барањето на апликациите за логирање, чекирањето на одредена локација и промоциите кои се одвиваат на самите страници. За да се обезбеди квалитетна комуникација и за да им помогне на бизнисите да стигнат до луѓето кои им значат најмногу, Фејсбук сака луѓето да кликаат на страниците затоа што сакаат да се поврзат со одредена фирма или производ, а не поради вештачки промоции и понуди.
Промените стапуваат на сила од 5 ноември до кога апликациите имаат рок за прилагодување.