Жителите на една населба во американскиот град Балтимор од неодамна ја имаат најоригиналната автобуска постојка. Таа е проект на шпанскиот уметнички колектив „mmmm…“, составен од Emilio Alarcоn, Alberto Alarcоn, Ciro Mаrquez и Eva Salmerо, кои дизајнираат јавни простори во Мадрид уште од 1998. Постојката е дел од проектот Transit, во чии рамки урбани инсталацции од европски уметници се поставуваат во Балтимор.