22-то издание на фестивалот Сигет оваа година започна громогласно. Големите „Blink-182“, кои владееа на музичката сцена во доцните деведесетти, во склоп на нивното реобединување настапија на главната сцена како главни изведувачи на ноќта.
Честа да го отворат фестивалот со првиот настап им припадна на „Ivan & The Parazol“, бендот кој ја создаде химната за оваа година „Together“. Руската театарска музика ни беше презентирана од страна на „Leningrad“, додека пак после нив на сцена настапија „The 1975“и „Tankcsapda“.
Забавата на фестивалот започна уште во попладневните часови, каде што одговорни за програмата и забавата беа победниците на талент-шоуто на сцената „Europe“.
Со исклучок на неколку сцени (кои се уште се подготвуваат и ќе почнат да работат), забавата траеше до раните утрински часови по помалите сцени, како што се Jack Daniel’s Experience, Europe stage, Dreher Pub итн.
Вечерва на главната сцена не очекуваат настапите на Queens of the Stone Age, Ska-P, Anti Flag, додека пак на А38 сцената Broody Dale, Jimmy Eat World, Casper, Thomas Gold итн., како и официјалното отварање со настапот и перформансот на DeadMau5 од 21.30 часот на Главната Сцена. Настапите на Главната сцена и А38 можете да ги проследите во живо на следниве линкови: www.szigetfestival.com, www.sziget.hu,www.ustream.tv/telekom-sziget2014.
За Радио МОФ од Будимпешта,
Николај Митрески и Ана Ристевска