Филип Беќаровски, студент на универзитетот Тилбург во Холандија, освои трето место на тестот на фондацијата „Блумберг“ од Њујорк, во конкуренција на најдобрите студенти во Европа, западна Азија и северна Африка. Третиот најдобар резултат Беќаровски го постигна со 99 отсто точни одговори на тестот.
Основно и средно училиште Беќаровски завршил во Скопје, а потоа се определил за економски студии во Холандија – на универзитетот во Тилбург, кој е меѓу најпрестижните во Европа, пренесе МИА.
Фондацијата „Блумберг“ е на Мајкл Рубенс Блумберг, еден од најбогатите луѓе во САД, сопственик на компанијата „Блумберг Л.П.“, чија основна дејност е давање финансиски информации.
Светот го запозна како градоначалник на Њујорк во три мандати, но е познат како прв човек на фондацијата која истажува и пронаоѓа млади, перспективни студенти и дипломирани економисти.