Ана Станчулеску од Романија ја освои гран при наградата на 15-тото издание на Интернационалниот детски музички фестивал “ТРА-ЛА-ЛА” кој се одржа од 13 до 16 август во Битола.
На фестивалот учествуваа 40 млади музички таленти од Португалија, Русија, Малта, Ерменија, Украина, Словенија, Романија, Полска, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Србија, Албанија, Косово и Македонија.
Десетчленото меѓународно жири, за најдобрите изведувачи синоќа на Гала концертот во Центарот за култура во Битола додели прва, втора и трета награда во три возрасни категории.
Во I категорија наградени се: Трето место: Адријана Цветанова од Бугарија; Второ место: Неил Санд од Малта; Прво место: Клеста Џехаја од Косово; Во II категорија наградени се: Трето место: Викторија Трач од Полска; Второ место: Весела Паунова од Бугарија; Прво место: Јован Алексиќ од Црна Гора; Во III категорија наградени се: Трето место: Маријана Дијаз од Португалија; Второ место: Антонија Дора Плешко од Хрватска; Прво место: Келси Беланте од Малта; Специјални награди од директорот на фестивалот “Бледски Златен Микрофон” Јања Јешенко од Словенија се доделени на Ана Гаштарова од Македонија и Ники Мједа од Албанија.
Фестивалот е дел од битолско културно лето Битфест со поддршка на општина Битола и градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.