Меѓународната универзитетска спортска федерација во Јужна Кореја основа програма за новинарско образование наменета за млади новинари со искуство.Сите млади репортери ќе учествуваат во тренинг за повеќе области од известување за спортот и покривање на поголеми настани.
Кандидатите треба да бидат на возраст помеѓу 21 и 25 години и да се студенти по новинарство или комуникации. Организаторите ги покриваат сите трошоци за патување, сместување и храна. Во програмата ќе бидат избрани и ќе учествуваат најдобрите 12 апликанти од сите континенти.
Краен рок за пријавување е 15 октомври. Повеќе информации пронајдете ОВДЕ.
Извор: Факултети