Најдобрите дебатери студенти од Европа пристигнаа на натпреварот на најжешките теми оваа година. Од 18 до 24 август во Загреб се одржува Европското универзитетско дебатно првенство од кое Радио МОФ врши видео пренос во живо на интернет.
Европското Првенство во Британска Парламентарна Дебата (European Universities Debating Championship) EUDC е еден од најголемите и најважни дебатни турнири на европскиот континент, на кој оваа година учествуваат повеќе од 600 студенти од голем број на европски универзитети, кои во текот на оваа недела дебатираат за важни актуелни теми од политиката, економијата и меѓународните односи.
Годинава турнирот се одржува во Загреб, во организација на дебатните мрежи Zagreb Debate Union од Хрватска и Отворена комуникација од Србија. Од Македонија на турнирот учествуваат пет македонски тимови, а наши претставници на турнирот се дебатерите : Стефан Ристовски, Стефан Алексиќ, Катерина Васковска, Мартин Божиновски, Јована Ѓорѓиовска, Максим Никифоровски, Петар Ивановски, Вилдан Дрпљанин, Теодора Столевска и Милка Геровска. Сара Миленковска, пак, е дел од судискиот панел. Македонските претставници се членови на Дебатните клубови на Правниот и Филозоскиот факултет во Скопје при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, клубови кои се осоновани како резултат на соработката меѓу МОФ и факултетите.
Повеќе за турнирот може да дознаете на http://zagreb2014eudc.com, а дебатите ќе можете да ги следите на овој ЛИНК.
Хапштагот за следење на првенството е #EUDC14, а твитер акаунти кои треба да се следат се @radiomof @achteminute @dkwien.