Македонија во моментов, е окупирана од преамбициозни луѓе, од луѓе кои знаат се, луѓе кои, безпредметно се мешаат во се и сешто, без причина, без мотив, само за да докажат дека знаат нешто (оти нели, ако денес не дебатираш и не се вклучуваш во дебатат си ГЛУП по природа), а всушност, со нивното„совесно“ мешање, несвесно ги искажуваат своите егоистични и суетни ставови, незнаења кои се; нелогични, неисправни, утврдени со некоја нивна „посебна“ методологија преку која, се гледа нивното ограничување на човековиот дух, неговата егзистенција, и не му дозволува да напредува во ниту еден контекст туку, доживува класично фијаско.
Тука лежи главната причина за моменталниов тек на настани во Македонија.
Од незнаење до глупост, од глупост до реализација на истатаи враќање во првобитна состојба на рамнодушност, стереотипност, конзерватизам, длабока религиозност, нешта кои, се само дел од длабоко вкоренетите психолошки моменти во „македонската душа“ ако таа воопшто постои.
Од патриотизам и национализам „Името не го даваме“, „Александар е наш“, „Македонија е до Солун“ ништо друго и не знаат нашите, нови македонски преродбеници и нивните следбеници кои, не влечат за нос каде и како сакаат… Како да ние сме „лошите“ кои треба да се „истребат“ искоренат од почвава, за да останатите живеат мирен живот.
Од друга страна, им сметаме на нивниот пат со нашата критичка мисла која, е димензионално различна од нивната во се: (во општење, во интеракција, во примена, во дејствување, во развивање) и после сите ние сме биле БЛАБАРЏИИ кои, цело времо сме правеле само БЛА, БЛА, БЛА, а не сме дејствувале на терен и само празни зборови сме пишувале. А, што е тоа (бла, бла, бла?) ќе ми објасни некој ??
Кога ќе прочитам, или кога ќе чујам од некој како се изразува со тоа „Бла, бла, бла“ ми е под чест да продолжам да комуницирам со таква личност, исто како и оние кои често го употребуваат зборот „значи“….значи ова, значи она, значи бла, бла, бла…. значи што бре ???
Тоа се искази на класична, одредедена, неинвентивност и незнаење во начинот на изразување, искази кои укажуваат на тоа: колку се „интелегентни“ луѓето кои се грижат за креирање на нашата социјална средина, а не обвинуваат нас за нивното недоволно незнаење и налудничавост.
Големината на човековото битие, не се искажува преку подржување на колективна идеја или мислење, не се подржува преку парите, и тоа кој колку имал во џебот, преку автомобилите, гардеробата, златните ланчиња, за кои, мислат дека се утврдените нешта кои докажуваат и укажуваат на тоа, кој колку вреди во социјалната средина, а ниту пак преку политичката моќ (која често е злоупотребувана во последниве осум години), туку се мери по неговите дела, знаење, (себеспознание, свест и човечност – битни ствари!!!).
Што ќе придонесе 40 годишен бизнисмен, кој има завршено основно или средно образование, кој има еден милион евра на сметка, а не знае да му каже на сопственото дете дека, не се уринира пред влез на зграда?!
Што може тој истиот бизнисмен да придонесе за развој на социјалната средина (а ги има многу такви) ??? Ништо нема да придонесе !! Нит парите, нит недвижностите ќе го направат да биде социјален пример, на кој, останатите, би можеле барем малку да се потпрат и да извлечат полза од неговото дејствување и применување.
Во таква средина моментално, опстојува македонскиот интелектуалец, кој е; обезвреден, обезглавен, тргнат на страна, на кој се покажува со прст како лош пример за општествено значење.
Тој истиот бизнисмен, не знае како да си одбере чорапи за себе, не знае како да ги искомбинира боите на чорапите и чевлите, а генерално и на себе, а од друга страна вози мини морис од педесет илјади евра (Full Gear).
Така е секогаш тоа кога, матерјалното преовладува, а естетичното се губи, изумира, се губи во своето општо постоење во својата егзистенционалност.
Мудроста лежи во спознанието, а не во онаа краткотрајна, безидеолошка матерјалност која, во моментов е приоритет.
Баба ми велеше: „Пара краси, пара гнаси“ или „Руба краси руба гнаси“…
Така што, не мора да значи дека, ако некој е добро матерјално ситуиран, дека воедно е и многу паметен или бистар во главата, па да им пренесува знаење и модни детаљи кои, се од круцијална важност за другите.
Со пари, ниту се купува авторитет, ниту пак се гради !! Парите се ефемерна супстанца, а интелектот и спознанието се се нештата кои, ја градат големината на човекот, идеолошката големина, а не оваа, матерјалната, која владее во моментов кај нас, и која, кога тогаш, ќе згасне, ќе исчезне, ќе се изгуби во пламенот на неукоста, незнаеењето, во комплексниот цинизам кој, лошо се одразува во развојот на новите генерации кои доаѓаат, генерации кои треба да го градат новиот граѓански сектор за промени, кој треба да функционира подеднакво за сите и за големите и за малите.
Лазар Ставров