Утре (2 септември) во Менада, во Старата скопска чарпија ќе се одржи второто издание на поетските „Астални проекции“.
Концептот на „Астални проекции“ ќе се одвива во три поетски круга, од кои во првите два круга учесниците ќе читаат своја поезија, а во последниот круг ќе читаат нешто од друг автор.
Присутните ќе имаат можност да ја чујат поезијата на Роман Кисјов, Наташа Сарџоска, Митко Гогов, Калина Малеска, Биљана Стојановска, Евгенија Јанакиеска, Андреј Ал-Асади, Васко Марковски, Даниел Карески, Мартин Богатиноски, Коста Карев и Елена Пренџова.
Првите „Астални проекции“ се одржаа на 6 јуни годинава каде учествуваат 15 млади македонски автори.