Светска премиера на филмот „Деца на сонцето“ во Лондон

Светската премиера на филмот „Деца на сонцето“ во режија на Антонио Митрикески ќе биде на 25 септември, на 22. меѓународен филмски фестивал „Реинденс“ во Лондон.

deca-na-sonceto

Филмот доби покана да биде прикажан во официјалната програма и со тоа го стекнува правото да се бори за главната награда на фестивалот, кој се одржува секоја година од 24 септември до 5 октомври.

Во филмот играат: Ивана Павлаковиќ, Кире Ѓоревски, Мето Јовановски, Владо Јовановски, Милица Стојанова, Билјана Таневски, Данчо Чеврески, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Мартин Мирчевски, Емир Хаџихафизбеговиќ…

Филмот е работен според сценарио на Гордан Михиќ, а го монтираше Андрија Зафрановиќ. Продуцент на филмот е Дејан Милошевски.