Петмина македонски поети на „слем“ во Белград

Петмина македонски поети на „слем“ во БелградПоетски слем“ настан насловен „Вечер на отворени микрофони“ ќе се одржи оваа сабота (6 септември) во културниот центар „Инекс филм“ во Белград, во организација на Радован Божовиќ и Катарина Фиаменго од Србија и Елена Пренџова од Македонија.

Игор Трпче, Перо Сарџоски, Афродита Николова, Исток Улчар и Елена Пренџова, заедно со уште неколкумина веќе афирмирани слемери од Србија, меѓу кои Милан Мијатовиќ, Ана Митрашиновиќ, Ѓорѓе Ѓорѓевиќ и Иван Новаковиќ ќе изведуваат по два круга читања, по кои ќе следува отворен микрофон.

„Слемот“ како форма на поетско изразување и натпреварување настанал во 1984 во Чикаго, по што се шири во десетици земји низ светот. Станува збор за своевиден натпревар во поезија, во кој авторите ги читаат своите дела пред публика, а притоа се оценуваат од страна на одбрани „судии“ од публиката. Од неодамна, ваквите настани, благодарение на неколкумина ентузијасти, се организираат и во Македонија.

 

Извор