Министерството за култура од Општина Крушево доби награда „8 септември“ за 2014 година – највисока општинска награда по повод Денот на ослободувањето на Крушево од фашизмот пред 70 години, а кој се совпаѓа и со државниот празник – 23 години од независноста на Република Македонија.
Признанието на Министерството му е доделено за неговиот придонес во унапредувањето на културата и на условите за развој на туризмот во Крушево, кој оваа година ја носи и титулата „Град на културата во Република Македонија“.
Одлуката ја донесе Советот на Општината, а наградата и беше врачена на министерката за култура Елизабета Канчевска -Милеска денеска на свечена седница во хотелот „Монтана“. Наградата и ја врачи градоначалникот Ѓорѓи Дамчевски.
Министерката Канчевска Милеска истакна дека таа е големо признание за заложбите на сите во Министерството за култура во изминатиот период за промоција на културно-историските знаменитости на Крушево и збогатување на културната понуда на градот.