На меѓународниот натпревар на тема „Дете/Змеј“ што го организираше специјализираното списание за хаику поезија „Диоген“од Босна и Херцеговина, во конкуренција на 144 автори од 26 земји од целиот свет и испратени 1296 хаику творби, поетот Пере Ристески ја освои третата награда.
Поезијата на Ристески е објавувана во повеќе антологии и списанија ширум Европа и светот, како што се: Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Црна Гора, Словенија, Франција, Америка и Јапонија.
Пере Ристески има објавено три збирки поезија: „Гревот на првата љубов“, „Крајпатни ветришта“ и „Во преграб на мигот“.