Шведската надреална комедија „Гулаб седи на гранка размислувајќи за постоењето“ на режисерот Рој Андерсон го освои престижниот „Златен лав“ за најдобар филм на 71-от Филмски фестивал во Венеција.
Рускиот автор Андрeј Кончаловски го освои „Сребрениот лав“ за „Белите ноќи на поштарот“, а Гран-при на жирито освои американскиот документарец „Погледот на тишината“ на Џошуа Опенхајмер.
Младата холивудска ѕвезда Адам Драјвер и италијанската актерка Алба Рорвахер се најдобри актери за улогите во „Гладни срца“ на италијанскиот автор Саверио Констанцо.
Во паралелната програма „Хоризонти“ победи индискиот „Суд“ на Чајтанја Тамхане, а хрватскиот актер Емир Хаџихафизбеговиќ доби специјална награда за улогата во „Такви се правилата“ на Огњен Свиличиќ.